Ристовска најрасположена, Македонија подобра од Фарските Острови

makedonija-svedska

Македонската женска ракометна репрезентација славеше на гостувањето против Фарските Острови со 22:15 и стигна до првата победа во квалификациите за Европското првенство кое ќе се одржи во Франција.

Избраничките на Симе Симовски беа далеку од посакуваното ниво во првото полувреме кое заврши со резултат 7:7, но впечатокот е поправен во следните триесет минути во кои Македонија дојде до убедлива победа со резултат 22:15 и прва радост во квалификациската група.

Најефикасна македонска репрезентативка била Сара Ристовска со 8 голови, а Бајрамовска и Керамичиева се запишале по 4 пати во листата на стрелци. Самуелсен со 5 погодоци била најдобра реализаторка во редовите на Фарските Острови.

Facebook Коментари