Поврзете се со нас

Свет

Ристовска меѓу најефикасните во победата на Рапид Букурешт

Објавено

на

foto:www.facebook.com/handbalrapidbucuresti/

Сара Ристовска и нејзините колешки од Рапид Букурешт имаа победнички крај на оваа 2024 година во романскиот шампионат каде во рамките на 12. коло беше надигра составот на Јаши со 38:24.

Домашните ракометарки имаат една и единствена цел да победат, цел која беше остварена со сигурен настап во двете полувремиња. Фаворитот во првиот дел се стекна со предност од 15:11, позитива која во вторите 30 минути продолжи да расте за да на крајот биде плус 14.

Македонската репрезентативка Ристовска имаше квалитетен настап и беше меѓу најефикасните со пет постигнати голови од шест обиди.

Рапид со 22 бода се наоѓа на петтото место на табелата, првата средба во 2025 година им е на гостински терен на 5 јануари против Слатина.

Standings provided by Sofascore
Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни