Поврзете се со нас

Свет

Ристовска меѓу најефикасните, Рапид во победничка серија

Објавено

на

foto:www.facebook.com/handbalrapidbucuresti

Рапид Букурешт на Сара Ристовска влезе во посакуван ритам во романскиот шампионат каде успеа да врзе четири победи во низа.

Последниот беше забележан над составот на Таргу Жију со 32:24 и тоа во дуел во кој сите дилеми околу победникот беа решени во првите 30 минути во кои фаворитот се стекна со предност од 16:7. Преостанатиот дел од натпреварот беше чиста рутина, комплетирање на задачата или поточно потврда на деветттата сезонска победа.

Меѓу оние кои беа најзаслужни за овој резултат беше македонската репрезентативка Ристовска која со пет гола од седум обиди беше втор стрелец во својот тим.

Наредниот предизвик за составот од Букурешт е соочувањето со Есбјерг во ЛШ.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни