Поврзете се со нас

Репрезентација

Ристовска: Лазаров е легенда, уште утре би можел да биде селектор на Македонија

Објавено

на

Македонската репрезентативка, Сара Ристовска се најде во центарот на вниманието на руската јавност, а причината за тоа беше дуелот на нашиот национален тим против „зборнаја“ на мундијалнот во Египет.

Ракометарите не успеаа да направат изненадување и доживеаа пораз во Каиро, пораз кој според Ристовска бил очекуван со оглед на смената на генерации.

-Не можев тоа да го пропуштам, брзав по тренинг да го фатам натпреварот. Искрено, предвреме знаев каков ќе биде резултато, свесна сум за состојбата на машкиот ракомет во овој момент. Има многу млади играчи на СП. Може да се каже дека Македонија минува сурова смена на генерации. Меѓутоа има потенцијал и верувам во добри резултати. Честитки до селекцијата на Русија, заслужено победија. Одлично е што имаат шанса за четвртфинале до последниот меч во групата, -истакна Ристовска која имаше можност да говори за Кирил Лазаров.

-Во Македонија него го викаат едноставно-легенда. На 40 години игра на неверојатно ниво. Тој е пример за однос кон тоа што го сакаш. Има богата кариера, титули, бил најдобар стрелец на најголемите турнири и не застанува, оди напред, -вели Сара кој беше запрашана дали Лазаров има амбиција да се занимава со политика.

-Мислам дека Кире нема амбиција да стане претседател на Македонија, ама уште утре би бил селектор. Дали знаете дека тој има свој клуб во Македонија? Се вика КЛ7 и се натпреварува во најсилната македонска лига. Таа екипа ја создаде од нула и ги собра сите таленти. Тоа е инвестиција за иднина, -порача крилото за „Брз Центар“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни