Поврзете се со нас

Свет

Ристовска избрана за најдобро десно крило на завршниот Куп турнир во Русија (ФОТО)

Објавено

на

foto:twitter.com/whccska

Македонската репрезентативка, Сара Ристовска со својата ЦСКА Москва успеа да слави во Купот на Русија и тоа откако го освои завршниот турнир што се одржа во Ростов.

ЦСКА во полуфиналето беше подобра од Динамо Синара, а во финалето од домаќинот Ростов Дон и со тоа го подигна трофејот во ова натпреварување.

Ристовска и ЦСКА ја добија драмата со Ростов-Дон и го освоија Купот на Русија

Нашата Сара се претстави во одлично светло на фајналфорот, даде по четири гола во двете рунди и тоа и донесе признание, награда-најдобро десно крило на турнирот.

Таа беше една од четирите ракометарки ан ЦСКА кои беа наградени за своите настапи во Ростов.

foto:twitter.com/whccska

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни