Поврзете се со нас

Свет

Ристовска и ЦСКА Москва редат победи во Русија

Објавено

на

Македонската репрезентативка, Сара Ристовска продолжи да се радува на победи со ЦСКА Москва во првата лига на Русија.

Нова жртва на фаворитот беше составот на Краснодар кој беше совладан со 36-23. Триумфот беше најавен во првиот дел во кој ЦСКА се стекна од предност од 18-11, предност која продолжи да расте по паузата за конечни на крајот плус 13.

Ристовска беше автор на три гола, најефикасна беше Рабазуљкина со 6 погодоци.

ЦСКА со перфектни пет од пет се наоѓа на врвот на табелата, односно го дели првото место со Ростов и Звенигород.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни