Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Ристовска и ЦСКА Москва прославија нова победа во ЛШ (ВИДЕО)

Објавено

на

ЦСКА Москва на нашата репрезентативка Сара Ристовска ја прокнижи втората победа во третиот натпревар во овогодинешното издание на Лигата на шампионите.

Рускиот претставник иако потешко од очекувањата се избори за славје над Савехов од 29-28. Домашните ракометарки имаа плус три по првите 30 минути, предност која успеаа да ја одбранат во продолжението иако противникот констатно беше многу блиску до нив.

Сабирова со 6 погодоци ја предводеше листата на стрелци кај победникот за кого Ристовска реализираше три од четирите обиди.

ЦСКА има четири бода во групата Б во која водечки е Ѓер со максимални три од три или шест поени.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни