Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Ристовска и ЦСКА Москва прокнижија уште една победа во ЛШ

Објавено

на

Екипата на ЦСКА Москва за која настапува македонската репрезентативка, Сара Ристовска прокнижи уште една победа во Лигата на шампионите.

Клубот од Русија овојпат славеше над Валчеа со 30-20 и во моментов по три средби е на првото место во групата Б со пет освоени бодови. Домашните ракометарки беа подобри во двете полувремиња со што само потврдија дека се во одлична форма со оглед на тоа што претходно го добија Будуќност, а ремизираа со унгарски Ѓер.

Нашата Ристовски денешната средба ја заврши со два постигнати голови. Во следната рунда ЦСКА гостува кај БВБ Дортмунд.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни