Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Ристовска и ЦСКА ќе се борат само за третото место на Ф4 турнирот на Лигата на шампионите

Објавено

на

Македонската репрезентативка Сара Ристовска и нејзиниот тим ЦСКА Москва не успеа да се пласира во финалето на фајнл-фор турнирот на женската ракометна Лига на шампиони.

Рускиот тим скапо ја плати слабата игра во првото полувреме против Випер Кристијансанд, па на крајот загуби со 33:30 и ќе може да се бори само за третото место сезонава.

Норвешки Кристијансанд го доби првиот дел со убедливи 18:12, па во второто полувреме не ја испушти оваа голема позитива, обезбедувајќи си место во утрешното финале во Будимпешта.

Ристовска постигнала 1 гол за ЦСКА од еден упатен удар, а во нејзиниот тим најефикасна била Ведекина с 7 голови. Во победничката екипа, Рајштад со 10 голови е најзаслужна за победата 33:30 на Кристијансанд.

Во утрешното финале, норвешкиот состав ќе се сретне со Брест, додека ЦСКА за третото место ќе се бори со Ѓер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни