Поврзете се со нас

Свет

Ристовска и ЦСКА го загубија дербито со Ростов Дон

Објавено

на

foto twitter.com/whccska

ЦСКА Москва на Сара Ристовска претрпе пораз од Ростов Дон од 30:25 во дерби средбата во рускиот шампионат.

ЦСКА влезе во овој меч со четири победи во низа (првенство и Купот), но и покрај добрата форма не успеа да пронајде решение за Ростов кој во актуелнава сезона едноставно е нерешлива енигма за клубот од Москва, а доказ за тоа се поразите во сите три натпревари.

Гостинскиот тим во првиот дел се избори за предност од 18-14, па во второто полувреме само ја доврши започнатата работа.

Македонската репрезентативка Ристовска беше на теренот 53 минута, ама немаше премногу топки за нејзе и даде еден гол од два обиди.

Нареден ривал за Сара и другарките е Астраханочка.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни