Поврзете се со нас

Свет

Ристовска и ЦСКА го срушија европскиот шампион

Објавено

на

ЦСКА Москва на Сара Ристовска славеше голема победа над Кристијансанд на вечерашното гостување во Норвешка во Лигата на шампионите.

Рускиот претставник успеа да го сруши актуелниот европски првак на негов терен со 27-24 и со тоа да му се одмазди за поразот во полуфиналето на ланскиот завршен турнир. Првиот дел мина во израмнета игра и на пауза се замина со 11-11, но во вториот дел гостите беа оние што покажаа повеќе, а како клучна беше серијата 5-0 при резултат 15-14 за противникот по што водството беше преземено и со тоа контролата на играта, резултатот.

Македонската репрезентативка Ристовска беше на своето ниво и даде четири гола од исто толку обиди.

Ова за ЦСКА Москва беше трета победа во четвртиот меч, во следното коло го пречекува Оденсе.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни