Поврзете се со нас

Свет

Ристовска е најдобар стрелец во историјата на ЦСКА Москва

Објавено

на

foto:twitter.com/whccska

Македонската репрезентативка, Сара Ристовска имаше одлична партија против Ростов Дон во втората средба од финалната серија во Русија, партија со која нашата ракометарка влезе во историјата на популарните „армејци“.

Ристовска даде пет погодоци (од шест обиди) и со тоа дојде до бројката од 475, а со тоа е најдобар стрелец на сите времиња за ЦСКА. Таа на вечната листа ја ја мина Антонина Скоробогаченко (473) што доволно говори за големината и тоа што Сара го прави во дресот на клубот од руската престолнина, клуб во кој Македонката е рекордерка и по бројот на настапи.

ЦСКА до крајот има уште еден предизвик, „мајсторката“ со Ростов Дон кој е закажан за 4 јуни.

Ристовска блескаше против Ростов Дон, „мајсторка“ ќе го даде шампионот на Русија

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни