Поврзете се со нас

Европски првенства

Ристовска: Десет години го чекав овој момент, горда сум што сум Македонка (ФОТО)

Објавено

на

Македонската женска ракометна репрезентација го заврши настапот на Европското првенство на кое ние бевме еден од кодомаќините.

Избраничките на Савевски се најдоа во тешка група и не успеа да направат изненадување против фаворизираните Франција и Холандија, додека пак против Романија останаа едноставно без гас во второто полувреме.

Ова дефинитивно ќе биде големо искуство за овој млад тим, а дека навистина тоа е така најдобро говори порака која ја испрати капитенската Сара Ристовска.

-Некогаш победуваш, некогаш губиш, но самата главна цел е нешто да научиш. Беше прекрасно искуство да се игра на Европско првенство. Каква атмосфера, какви навивачи. 10 години чекав да го доживеам тој момент. Едно големо БЛАГОДАРАМ ДО СИТЕ што беа со нас до последните 180 минути. Горда сум на своите девојки . Горда сум што сум МАКЕДОНКА. Со срце за Македонија, -напиша Сара која даде 10 гола на турнирот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни