Поврзете се со нас

Свет

Ристовска без грешка во пресметката со Динамо Синара

Објавено

на

foto:www.facebook.com/whccska

Македонската репрезентативка, Сара Ристовска се прикажа во одлично светло во победата на ЦСКА Москва над Динамо Синара во рускиот ракометен шампионат.

Гостинскиот состав ја потврди разликата во квалитет и се избори за убедлив триумф од 29:19. Клучната разлика беше направена во првите 30 минути кои фаворитот ги реализираше со 18:9, па потоа рутински го одработи остатокот од мечот.

Ристовска беше во елемент и даде четири гола од четири обиди.

ЦСКА со 25 бода е на второто место на табелата, во наредното коло го дочекува Ставропол.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни