Поврзете се со нас

Свет

Ристовска без грешка против Лада Тољати

Објавено

на

foto:www.facebook.com/whccska

Македонската репрезентативка, Сара Ристовска одигра перфектен меч за ЦСКА Москва против Лада Тољати во првата лига на Русија.

Екипата на ЦСКА со подобра игра во второто полувреме дојде до посакуваниот резултат, славје од 30:25. Ова за клубот од Москва беше 21 славје и со вкупно 49 бода е на второто место на табелата зад Ростов со 58 поени.

Ристовска даде два гола од исто толку обиди, најефикасни беа Горшкова и Михаиличенко со по пет реализации.

Нареден противник на Сара и компанија е Ростов.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни