Македонија
Ристевски: Вардар го почитуваме, но трите бода ќе останат во Битола

Со дуелот Пелистер-Вардар кој е закажан за утре од 15 часот ќе биде отворено 25. коло во Првата македонска фудбалска.
Ова е трета пресметка на овие два клуба во тековнава сезона, двата тима го искористија домашниот терен и остварија две минимални и идентични победи од 1-0.
Желбата и сега е да се оствари позитивен резултат, а во Пелистер веруваат дека со подршка на публиката, навивачката група Чкембари ќе го освојат целиот плен.
-Утре се игра најголемото дерби во македонскиот фудбал Пелистер-вардар, горд сум што го носам дресот на Пелистер и ќе се борам за клубот и за градот. Мотивацијата е на највиско ниво, Вардар максимално го респектираме и почитуваме, но утре одиме на три бода. Утре играме за градот, клубот, навивачите и за нас, -порача дефанзивецот Александар Ристевски.
На овој меч нема да бидат присутни „Комитите“ кои се одлучија на ваков чекор поради трагедијата во Кочани.
Воедно треба да се напомене дека сите средства собрани од билетите на овој меч, ќе бидат донирани за жртвите од трагедијата во Кочани.
-
Шпанија17 часа
Не е се идилично: Еден играч на Барса не сака да го слуша ниту тимскиот говор на Ханси Флик (Видео)
-
НБА13 часа
Јокиќ се кае за одлуката во последниот напад на Денвер (ВИДЕО)
-
НБА16 часа
Моќно издание на Ленард, Клиперс го освои Денвер (ВИДЕО)
-
Лига на шампиони14 часа
Фиго има фаворит за титулата во ЛШ: Тие имаат…
-
Англија11 часа
Харгривс има трансфер предлог за Арсенал како замена за Парти
-
Италија14 часа
Интер договара офанзивец од Франција (ВИДЕО)
-
Англија12 часа
Баптиста за договореното засилување на Челси: Тој е најдобриот играч…(ВИДЕО)
-
Германија15 часа
Леверкузен се подготува за заминување на Алонсо: Имаме џентлменски договор со него…