Поврзете се со нас

Македонија

Ристевски се врати во Македонија и потпиша за шампионот (ВИДЕО)

Објавено

на

Искусниот дефанзивец, Кире Ристевски по долго време повторно ќе настапува за клуб од домашниот шампионат и тоа во најдобриот клуб во изминативе две години-Струга Трим Љум.

Стружани успеаа да го обезбедат потписот на Ристевски кој скоро десет години беше редовен член на македонската сениорска репрезентација. Последниот ангажман го имаше во Етникос Ахна од Кипар каде на 31 натпревар постигна 3 гола и забележа 2 асистенции.

Тој во досегашната кариера освен во Македонија и Кипар има настапувано во Албанија, Бугарија, Унгарија и Ерменија.

Со Струга потпиша двегодишен договор. Покрај Кире досега договорени се и Арби Воша, Бојан Илиевски, Стефан Јевтоски, Филип Дујмовиќ и Масаки Такахара.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни