Ристевски поради грешка не ја заврши велеслаломската трка во Пјонгчанг

antonio-ristevski1

Марсел Хиршер ја потврди доминацијата и успеа да победи и на велесаломската трка во Пјонгчанг, за која вреди да се напомене дека дел од истата беше и нашиот Антонио Ристевски кој за жал не успеа да ја заврши првата од двете предвидени трки.

Македонскиот претставник кој инаку е најискусен од нашите тројца олимпијци не успеа да ја мине целта, откако направи грешка на патеката и остана без пласман во ова натпреварување.

Само за потсетување, нашиот најдобар алпски скијач својот најзначаен резултат го оствари на минатите олимписки игри во Сочи каде во дисциплината слалом го освои 29-то место, но денеска поради својата грешка не успеа да оствари нов значаен резултат во својата кариера.

Facebook Коментари