Поврзете се со нас

Свет

Ристевски му донесе победа на Ујпешт за опстанок во првата лига (Видео)

Објавено

на

Македонскиот репрезентативец Кире Ристевски постигна гол длабоко во судиското продолжение и донесе победа за неговиот Ујпешт во дуелот со Залагерцег (2:1), во рамките на унгарското првенство.

Ујпешт се најде во незгодна позиција откако во финишот на сезоната мораше да го потврди опстанокот во првата унгарска лига, но оваа победа е потврда дека составот од Будимпешта и следната година ќе биде дел од елитата.

Херој на фановите вечерва е Ристевски, кој не само што одигра цел натпревар, туку реализираше во 94. минута за конечни 2:1 и важни три бода за Ујпешт.

Неговиот тим ја прекина негативната серија од три натпревари без победа, поради која и западна во криза на дното на табелата, а сега има пет бодови повеќе од претпоследниот Дебрецен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни