Поврзете се со нас

Македонија

Ристевски ја засили одбраната на Работнички

Објавено

на

Екипата на Работнички ангажираше уште едно засилување за престојната сезона и тоа засилување во дефанзивната линија.

Имено нов член на клубот од Дебар Маало е Александар Ристевски кој доаѓа од Струга Трим Лум.  Ристевски е играч со големо искуство на домашните терени, а има и настапувано и во соседна Албанија во составот на Влазнија.

Тој е петто летно засилување за „романтичарите“ кои претходно ги промовираа Сухељ Мухарем, Бојан Илиевски, Анес Османовски и Дејан Тантуровски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни