Поврзете се со нас

Шах

Ристески го освои реномираниот „Трофеј на Белград“

Објавено

на

blank

Младиот македонски шахист, Емил Ристески, триумфираше на реномираниот турнир „Трофеј на Белград“ кој се одигра во главниот град на Србија.

Откако започна со победа над првиот носител ВМ Милан Вукиќ во второто коло и на тој начин стигна до потребниот рејтинг за титулата ФИДЕ мајстор, на крајот Ристески освои 7,5 бода во 9 партии со што освои вкупно 127,6 поени за својот рејтинг.

Во последното коло тој ја совлада младата Русинка Јана Жапова, која пред оваа средба имаше подеднакво ѕвезден успех како и Емил Ристески, со освоени нецели 190 рејтинг поени.

Овој резултат му донесе таканаречен „рејтинг перформанс“ од 2.486 што е рамно на бал за титулата Интернационален мајстор, а воедно е за 100 перформанс поени подобар од сите други играчи на турнирот. Просечниот стартен рејтинг на учесниците беше 1975 поени.

– Турнирот беше навистина напорен и имав повеќе тешки партии, па затоа сум навистина среќен што на крајот го освоив. Целта ми е што поскоро да стигнам и до титулата Интернационален мајстор, но не сакам да си создавам притисок со извесни рокови. Во моментов работам со ВМ Трајко Недев, кој е еден од најдобрите тренери во Македонија, но мислам и во регионот,- изјави Ристески за „Дерби“.

На овој турнир имаше уште еден македонски играч, 13-годишниот Антон Златков, кој имаше стартен рејтинг како 27 играч, а на крајот се пласираше на 28 место со 4,5 поени од 9 партии, но освои 16 нови рејтинг поени.

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни