Поврзете се со нас

Англија

Ришарлисон со порака за Карагер: Измиј си ја устата пред да зборуваш…

Објавено

на

Фудбалерот на Евертон, Ришарлисон му испрати порака на Џејми Карагер, кој пак го критикувал во улога на стручен коментатор за „Скај Спортс“.

На Карагер не му се допаѓа што Бразилецот постојано се жали на повреди и троши од времето на натпреварите, па тоа го истакнал во последното тв гостување.

– Осудата на „падовите“ на Ришарлисон не се поврзани со мојата пристрасност кон Ливерпул.

– На секој натпревар на Евертон кој сум го гледал, тој по три-четири пати паѓа на тревата како да е сериозно повреден, а потоа си продолжува да игра. Не се работи за симулирање за пенал, туку ситуации во кои навестува дека е сериозно повреден, а всушност не е, – рекол Карагер.

– Карагер, измиј си ја устата пред да зборуваш за мене и Евертон. Јас не те почитувам, – одговорил Ришарлисон преку Твитер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни