Англија
Рио за најболната точка на Челси: Тие плачат за играчи…

Челси е еден од најактивните клубови на трансфер пазарот со тоа што засега најголемиот фокус е ставен на кратење на составот, продажба на играчи, па веќе видовме како си заминин Канте, Хаверц, Кулибали, Менди, Ковачиќ, Лофтус Чик…
Најавено е заминување и на други фудбалери, па легендарниот Рио Фердинанд испрати предупредување со новиот менаџер на „сините“ Маурисио Покетоно за една конкретна работа, средината на теренот.
-Погледнете ја средината на Челси-Жоржињо си замина минатата сезона, Канте и Ковачиќ си отидоа, Маунт и Лофтус Чик се на излезни врати. Тоа се пет играчи од средниот ред, од кои двајца или тројца стартери. Челси нема среден ред во моментов.
-Имаат околу осум или девет офанзивци, тимот нема рамнотежа, тие плачат за играчи од средниот ред. Ќе биде интересно да се види каде одат бидејќи им треба некој покрај Енцо на кого потрошија 100 милиони фунти, -рече Рио кој ја кометираше и трансфер стратегијата на тимот од Лондон.
-Дали овие играчи Челси ги купува за во иднина? Затоа што тие продадоа многу искуство и носат играчи кои ми изгледаат како играчи за развој. Изгледа дека ќе им треба време. Тие имаат огромен потенцијал, но на Челси и сега му требаат играчи. Дали е тоа промена на тактиката при нивното регрутирање? Ќе биде навистина интересно да се види како Челси ќе се развива по преодниот рок. Навивачите можеби ќе треба да бидат трпеливи, -заклучи Фердинанд.
-
Балканпред 13 часа
Ден за историја: Регионалните гиганти Партизан и Хајдук објавија рекордни бројки
-
Шпанијапред 24 часа
Барселона обвинета за корупција, двајца претседатели завршија на суд
-
Шпанијапред 22 часа
Анти-фудбалот донесе неверојатна тензија во Билбао, Ињаки влезе во жесток клинч со противничкиот тренер (Видео)
-
Шпанијапред 18 часа
Тебас смета дека Барселона заслужува да и бидат одземени бодови ако е виновна во случајот „Негреира“
-
Шпанијапред 4 часа
Контроверзен момент и многу тензија во Памплона: Осасуна израмни против Атлетико, судијата ги разбесни домаќините (Видео)
-
Италијапред 5 часа
Мурињо по најлошиот старт во неговата тренерска кариера: Ни недостасува играчот кој лани направи многу грешки
-
Англијапред 15 часа
Макелеле се збогуваше со фановите на Челси: Време е за нов предизвик
-
Шпанијапред 5 часа
„Синдромот Гати“ се префрли и во Шпанија: Играч на Алавес си даде автогол од 30 метри, противниците го тешеа (Видео)