Англија
Рио со совет до Манчестер Јунајтед: Донесете ги овие тројца играчи
Како што пренесуваат медиумите во Англија, Манчестер Јунајтед ќе биде еден од клубовите кои не се многу погодени од економската криза предизвикана од коронавирусот, па клубот ќе има значителни финансиски средства за трошење.
Во таа насока, од Манчестер Јунајтед можеби и ќе добијат „попуст“ за некои заинтересирани играчи кои претходно чинеа многу повеќе, но сега клубовите ќе ги ослободат за да ги намалат финансиските загуби.
Дека Манчестер Јунајтед може да ги добие играчите кои ги посакува по поповолна цена пишуваа и медиумите во Шпанија кои пренесоа дека цената на Саул Нигез ќе биде значително помала, па тој ќе може да го напушти Атлетико за сума од околу 80 милиони евра.
Токму Саул е еден од тројцата играчи кои ги бара Рио Фердинанд како засилување за Манчестер Јунајтед во летниот преоден рок.
– Манчестер Јунајтед треба да ги донесе Санчо, Кулибали и Саул Нигез. Мислам дека не треба да одат по Хари Кејн, јас преферирам офанзивен играч како Санчо кој ти дава имагинација и ќе им донесе нешто што клубот го нема во овој момент.
– Дефинитивно на Санчо би му го дал дресот со број 7, тој е таков тип на карактер. Има ароганција во него, токму тоа е она што го сакаш на фудбалскиот терен. Би му ја дал и би му поставил притисок на неговите рамена, -заклучи Рио.
-
Англија18 часа
Рашфорд и Асенсио дебитираа, Астон Вила преку Тотенхем до осминафинале во ФА Купот (ВИДЕО)
-
Англија23 часа
Фудбалер на Борнмут ги воодушеви фановите со начинот на кој изведе пенал (Видео)
-
Шпанија16 часа
Барселона ја разби Севилја и се врати во трка за титулата (ВИДЕО)
-
НБА24 часа
Татко на НБА ѕвезда исфрлен од арената на барање на судиите (Видео)
-
АБА лига23 часа
Голема драма во АБА: Мега искористи напад за победа од една секунда (Видео)
-
Англија23 часа
Мареска искрен за играч кој замина на заем: Не ни недостасува во тимот
-
Шпанија19 часа
Валенсија оствари победа вредна „шест“ бода (ВИДЕО)
-
Шпанија21 час
Реал потврди повреда, Анчелоти остана без важен играч за гостувањето кај Сити