Поврзете се со нас

Англија

Рио ги именуваше тројцата напаѓачи од Премиер лигата кои не можел да ги поднесе

Објавено

на

Рио Фердинанд е популарен со својата емисија на официјалниот јутјуб канал и го изанализира цело прво коло во Премиер лигата, но интересот го привлече и со неколку откритија за својата професионална кариера.

Како елитен дефанзивец и еден од најдобрите стопери во историјата на англиската фудбалска елита, Фердинанд имаше можност да води жестоки битки со многу врвни напаѓачи, но сега ги именуваше тројцата кој најмногу ги мразел за време на својата играчка кариера.

– Фернандо Торес воопшто не ми се допаѓаше. Се сеќавам дека на еден меч ме удри по ногата додека топката беше на другата страна од теренот. Мораа да ми го шијат стапалото поради него.

– Топката беше многу далеку и ми врати за некој претходен дуел. На крајот од првиот дел ја извадив копачката и тоа беше голема грешка. Ми потече стапалото, ми ставија конци и аналгетици и се вратив на теренот. Се уште имам белег на стапалото од неговиот старт.

– Во тоа време, го мразев и Балотели, буквално го мразев. Направи неколку работи со фановите кои не ми се допаднаа и мислев дека е груб. Сега имам контакт со него и сфатив дека е извонреден човек. Од останатите напаѓачи, го мразев и Луис Суарез, – открива Рио Фердинанд.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни