Поврзете се со нас

Англија

Рио Фердинанд за колапсот на Јунајтед: Веќе не можам да ги тролам ни фановите на Арсенал

Објавено

на

Тешкиот пораз на Манчестер Јунајтед од Брентфорд го загрижи и Рио Фердинанд, кој во својот подкаст зборувал за актуелната ситуација.

Екс капитенот на „црвените ѓаволи“ вели дека екипата игра непрепознатливо и дека Јунајтед може за ваква игра слободно да го ангажира Сем Алардајс.

– Станавме предмет на потсмев од фудбалските фанови. Веќе не можам да ги тролам ни фановите на Арсенал.

– Го гледате натпреварот и сфаќате дека овие фудбалери не се ни блиску до вредноста за парите кои ги заработуваат.

– Со ваква игра можеме да доведеме и други менаџери како Сем Алардајс или Тони Пјулис, ова не е Манчестер Јунајтед кого го познавам, – изјавил Фердинанд.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни