Англија
Рио Фердинанд за чудниот статус на Варан во Јунајтед: Секој ден се буди со иста мисла…

Манчестер Јунајтед го совлада Лутон на последниот натпревар пред паузата за настапите на репрезентациите и го намали негативниот притисок од јавноста, но еден од оние кои сериозно ќе размислуваат што се случило изминатиот период е Рафаел Варан.
Французинот не само што го загуби првотимскиот статус во дефанзивната линија на Јунајтед, туку се најде во ситуација да биде зад Хари Мегваер и Џони Еванс во стоперската хиерархија на менаџерот Ерик тен Хаг.
Рио Фердинанд во својот подкаст зборувал на оваа тема и како поранешен стопер потенцирал дека Варан тешко ќе го „свари“ фактот дека е зад Еванс во поредокот.
– Според мене, ако некој седи на клупа, тогаш може да игра, бидејќи истиот играч принудно може да влезе на теренот во било кој дел од средбата. Според ова, Варан е фит, а сепак не игра.
– Не знам која е причината за тоа, но сигурен сум дека Варан секое утро се буди со мисла: Освоив четири титули во Лигата на шампионите, играв со најдобрите во светот, дојдов во Јунајтед и сега Џони Еванс е пред мене.
– Респект за Еванс, но не верувам дека Варан некогаш помислил дека ќе размислува за 36-годишен играч, – изјавил Фердинанд.
-
Шпанијапред 18 часа
Суарез за најавеното засилување на „кралевите“: Посакував да заврши во Барса, но Реал ќе добие ѕвезда во која ќе ужива со години!
-
Шпанијапред 14 часа
Поранешен претседател на Барселона: Реал прво да ни ги врати титулите, па да зборува за етика
-
Светпред 17 часа
Одредени групите за Копа Америка, Аргентина ќе го отвори турнирот со плејоф победник
-
Англијапред 13 часа
Премиер лигата го „круниса“ Мегваер, фановите му фатија сеир на Де Брујне
-
Англијапред 17 часа
Тен Хаг: Пријателите ме убедуваа да не ја прифаќам понудата на Манчестер Јунајтед
-
Италијапред 15 часа
Јувентус следи фудбалер на Лацио чиј договор истекува во јуни
-
Англијапред 7 часа
Гвардиола за играчот кој никогаш не доби вистинска шанса: Жал ми е за него, не можем да го видам во тимот на Сити
-
Англијапред 18 часа
Бруталниот Кин состави црна листа и наброја десет фудбалери кои треба да бидат ослободени од Тен Хаг