Поврзете се со нас

Англија

Рио Фердинанд воодушевен од трансформацијата на Челси

Објавено

на

Челси вчера имаше незгоден противник во Зенит, но успеа да стигне до победа на стартот на сезоната во која ја брани титулата во Лигата на шампионите.

Ромелу Лукаку уште еднаш беше клучен за три освоени бода на лондонскиот клуб, а по натпреварот екипата на Томас Тухел заработи комплименти и од Рио Фердинанд.

Клупската легенда на Манчестер Јунајтед ја истакнува трансформацијата на екипата под водство на Томас Тухел.

– Челси е квалитетен тим и фудбалерите го знаат тоа, освојувањето на Лигата на шампионите ја подигнува самодовербата.

– Се справуваат со секоја комплицирана ситуација, нешто за што самодовербата е основа. Кога другите ги гледаат, единствено што ќе помислат е дека се сериозен тим.

– Навистина е неверојатно да се види оваа трансформација која се случи откако дојде Тухел, – изјавил Фердинанд.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни