Поврзете се со нас

Англија

Рио Фердинанд возбуден по дербито: Тоа е она што сакам да го видам од Манчестер Јунајтед

Објавено

на

Настапот на дербито на „Енфилд“ и освоениот бод против Ливерпул донесе задоволство кај фановите на Манчестер Јунајтед, а во таков стил реагираше и Рио Фердинанд.

Поранешниот дефанзивец на „црвените ѓаволи“ преку социјалните мрежи излегол со прва анализа, потенцирајќи го својот став околу изданието на Јунајтед на денешното гостување.

– Тоа е она што сакам да го видам од Манчестер Јунајтед.

– Покажаа што што може да очекуваме од нив кога ќе покажат борба, пожртвуваност и квалитет во играта со топка.

– Овие фудбалери поставија стандарди кои сега треба да бидат задржани, после овој настап секој треба да бара од својот соиграч да покаже посебно залагање на тренинзите и натпреварите. Ќе има задоволство во екипата, иако некој ќе каже дека заслужија и повеќе, но не треба да заборават што е потребно за да се креира такво чувство.

П.С: Јунајтед беше подобар тим денеска, – напишал Фердинанд.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни