Англија
Рио Фердинанд: Со игра како во вториот дел, Јунајтед ќе прими пет гола и од Сити
Манчестер Јунајтед спаси бод на гостувањето кај Аталанта и останува на добра позиција во својата група во Лигата на шампионите, а Кристијано Роналдо со два гола повторно беше херој во составот на Оле Гунар Солскјер.
Поранешниот дефанзивец на Јунајтед, Рио Фердинанд, во својот коментар на „Би-Ти Спорт“ истакнал дека Јунајтед играл очајно во второто полувреме, но и покрај сите критики кои ги добива за залагањето, Роналдо повторно го спасил својот тим.
– Луѓето велат дека Роналдо не работи доволно на теренот, но тој ја прави најтешката работа, постигнува голови.
– Во критичните моменти, тој истапува, во било која земја, на било кој стадион, во секое време. Едноставно се појавува во најважните моменти и испорачува.
– Ако Јунајтед игра како во второто полувреме и против Манчестер Сити, тогаш ќе прими три, четири, пет гола. Немаше никаков интензитет, не беше јасно со која формација играат, Роналдо ги спаси. Варан добро балансираше на двете страни, па штом излезе од игра се почувствува несигурност, Аталанта можеше да помине низ одбраната кога сака, – изјавил Фердинанд.
-
Шпанијапред 21 час
Фудбалската среќа му се насмевна на Реал, „кралевите“ победија со удари од 11 метри (Видео)
-
АТПпред 22 часа
Ѓоковиќ: До крајот на кариерата ме интересираат само две работи во тенисот!
-
Светпред 22 часа
Олимпија Милано ја сподели спектакуларната тројка на Димитријевиќ на дебито против Фенербахче (Видео)
-
Италијапред 21 час
Заканата од тифозите вроди со плод: Милан ја уништи Венеција за 29 минути (Видео)
-
Англијапред 23 часа
Прв кандидат за гол на сезоната во Премиер лигата: Дуран испали „проектил“, Мартинез се фаќаше за глава (Видео)
-
Англијапред 22 часа
Тен Хаг се пожали по победата на Јунајтед: Добиваме нефер третман од Премиер лигата
-
Шпанијапред 9 часа
Анчелоти со коментар за настапот на Мбапе: Најдобар натпревар досега
-
Англијапред 24 часа
Алисон лут по историскиот пораз на „Енфилд“: Загубивме од тим кој само се фрлаше пред топката