Поврзете се со нас

Англија

Рио Фердинанд изненади со својот последен коментар: Ниту Бруно, ниту Мегваер немаат материјал..

Објавено

на

Поранешниот фудбалер и капитен на Манчестер Јунајтед, Рио Фердинанд беше гостин во студиото на „БиТи Спорт“ каде заедно со Овен Харгрејвс беа стручни коментатори на натпреварот помеѓу Манчестер Јунајтед и Истанбул Башакшехир.

Пред почетокот на натпреварот кој Јунајтед го одигра навистина добро, Рио Фердинанд даде еден изненадувачки коментар поврзан со лидерите во тимот на Оле Гунар Солскјер.

Актуелен капитен на Манчестер Јунајтед е Хари Мегваер, додека пак многумина сметаат дека Бруно Фернандеш треба да ја наследи капитенската лента од стоперот затоа што поседува поголеми лидерски способности.

Сепак, Рио Фердинанд смета дека ни едниот ни другиот не заслужуваат да бидат капитени на Манчестер Јунајтед затоа што немаат „материјал“ за да се носат со таа улога.

– Го гледавме и натпреварот со ВБА. Не треба само Оле, Мајк Фелан или Мајкл Керик  да викаат од крај аут линијата, некогаш тоа треба да го стори и играч на теренот. Бруно, на кого не се плашите да му ја давате топката затоа што е креативен ја загуби топката на тој натпревар четири или пет пати пред полувремето.

– Седев и гледав дали некој од соиграчите ќе му каже нешто? Кој ќе му каже да не го прави тоа? Да бев јас ќе врескав на теренот, -изјави Рио Фердинанд, а потоа од Гери Линекер беше запрашан дали Мегваер и Фернандеш имаат лидерски способности.

– Да бидам искрен не мислам дека имаат, не верувам дека некој од нив покажал знаци на лидерство. Можеби Бруно кој излегува со добри изјави на интервјуата, а на теренот постојано ја бара топката и презема одговорност, но во овој тим не гледам дека има играч кој ќе повлече некого на страна и ќе му рече: „Слушај, ја изгуби топката три пати без врска, среди се или ќе излезеш“.

– Тоа што нема навивачи на стадионите е одвратно и го мразиме тоа, но тоа ми ги отвори очите за да видам дека нема многу лидери кои во моментов играат во Манчестер Јунајтед, а клубот пати поради тоа, -дециден беше Рио Фердинанд.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни