Поврзете се со нас

Англија

Рио Фердинанд избра идеален „сино-црвен“ тим на Манчестер, се вметна себеси на стоперските позиции

Објавено

на

Манчестер Сити го пречекува градскиот ривал Манчестер Јунајтед во дербито на колото во Премиер лигата, а тоа бил добар повод за Рио Фердинанд да направи интересен избор на најдобриот тим на градот Манчестер во 21. век.

Поранешниот дефанзивец на Јунајтед ги опфатил фудбалерите кои настапувале за двата клуба по 2000 година, а таму немало место за Рој Кин од редовите на „црвените ѓаволи“.

На голманската позиција го избрал Едвин ван дер Сар во конкуренција пред се на Давид Де Хеа, додека на бековските позиции ги избрал Кајл Вокер и Патрис Евра.

Најинтересниот дел е стоперскиот тандем, а во конкуренција на голем број квалитетни стопери на Сити, Фердинанд се избрал самиот себе и тоа заедно со својот некогашен соиграч, Немања Видиќ.

Средниот ред започнува со Родри кој добил предност во однос на Кин, а Јаја Туре и Кевин Де Брујне го заокружуваат средниот ред со претставници на Сити.

Фердинанд инсистирал во тимот да биде присутен Вејн Руни, Кристијано Роналдо очекувано добил свое место, а во нападот, во жестока конкуренција бил издвоен Серхио Агуеро.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни