Англија
Рио Фердинанд: Да бев на местото на Рашфорд…

Маркус Рашфорд очигледно нема иднина во досегашниот клуб Манчестер Јунајтед и прашање е само каде ќе реши да ја продолжи кариерата.
Последните изјави на менаџерот Рубен Аморим ставија крај на било каква надеж дека ситуацијата со крилниот напаѓач може да се поправи, а Рио Фердинанд смета дека судбината на Рашфорд е јасна.
Аморим го понижи фудбалерот, истакнувајќи дека ако треба да бира, преферира да го стави во тимот 63-годишниот тренер на голманите пред Рашфорд.
– Ако бев фудбалер и мојот менаџер изјавеше такво нешто, моето срце, мојата гордост, моето его, ќе бев засрамен.
– Ако некој го доведува во прашање залагањето, давањето 100 проценти за клубот, ако тврди дека не се трудиш доволно, тоа значи дека нема пат за назад кон „Олд Трафорд“ за Рашфорд.
– Доколку некој му дозволи да се врати, тогаш ќе им порача и на другите фудбалери дека можат да не се залагаат доволно Од друга страна, ако некој кажува нешто што не е вистина, јас би свикал прес-конференција и би го демантирал. Но, тоа се прави само ако сте 100 проценти сигурен дека сте во право. Денеска е лесно да искомуницираш со фановите за да не дозволиш искривување на сликата, но ако не го правиш тоа, тогаш мора да се погледнеш себеси во огледало, – вели Рио Фердинанд.
-
НБА15 часа
Најавите се остварија: Богдановиќ ја замени Атланта со Лос Анџелес
-
Шпанија23 часа
Марсело со емотивно видео објави крај на кариерата: Мадридизмот не се опишува со зборови
-
Евролига24 часа
Обрадовиќ во елемент: Немој да те удрам со таблава по глава….. (Видео)
-
Англија14 часа
Ливерпул го уништи Тотенхем и ќе се бори за трофејот во Лига Купот (ВИДЕО)
-
Англија23 часа
Јоро откри каква Ватсап подготовка добиваат дефанзивците од Аморим пред секој натпревар на Јунајтед
-
Франција20 часа
Луис Енрике: Ви реков дека ќе бидеме подобри во одбрана и во напад без Мбапе!
-
Италија14 часа
Шампионот настрада на „Артемио Франки“: Фиорентина го потопи Интер во продолжениот меч во Серија А (ВИДЕО)
-
Шпанија5 часа
Ханси Флик за една своја ѕвезда: Тој не се споредува со ниту еден друг играч во светот