Англија
Рио: Арсенал ќе беше поблиску до титулата ако Артета не направеше една грешка

Во сезона во која Микел Артета се соочи со доста непријатни и неочекувани предизвици, на крајот се најде во ситуација да се потпира на млади сили, а еден од играчите кои посебно блескаат е Етан Нванери.
17-годишниот тинејџер покажа дека поседува квалитет да настапува во Премиер лигата и сите останаа импресионирани од неговиот потенцијал, а Рио Фердинанд смета дека Артета требал да биде похрабар, односно требал да му даде шанса на Нванери уште во првиот дел од сезоната.
Арсенал загуби драгоцени бодови во периодот кога отсутен беше Мартин Одегард, па Рио смета дека грешката со неселектирање на Нванери може да го чини Шпанецот шампионска титула.
– Арсенал ќе беше поблиску до Ливерпул и ќе се бореше серизно за титулата ако Артета го играше Нванери додека Одегард беше повреден. Тоа што го прави Етан е неверојатно. Си поигрува со дефанзивците, ако играше порано, Арсенал ќе имаше повеќе бодови од сега.
– Артета немаше што да загуби, требаше да го стави во игра уште во периодот кога Одегард беше во аут. Лесно е да се зборува сега за него, но јас зборував за неговите квалитети уште тогаш, – вели Рио.
-
Англија23 часа
Вистинска „чистка“ на „Олд Трафорд“: Десет играчи ќе го напуштат Јунајтед на лето
-
Репрезентација14 часа
Белами: Свесни сме каква трагедија се случи во Македонија, сакам да знаете само една работа
-
Светски првенства23 часа
Англија со нова победа без примен гол, прва радост за Албанија
-
Свет13 часа
Скалони му одржа лекција на Рафиња и потсети на една незаборавна слика од Меси и Нејмар (Фото)
-
Италија15 часа
Капело издвои двајца играчи на Јувентус на кои Тудор мора да им помогне: Мора да игра…
-
Формула 113 часа
Васер ја откри вистината за сомнителните тимски правила во Ферари
-
Шпанија14 часа
Мончи: Ако го удрев Иско, веќе немаше да може да игра фудбал (Видео)
-
Свет14 часа
Ендрик се отвори: Тешко ми е да зборувам, се плашам…