Рино шоу која ја изнасмеа Италија: Што се случува кога „лудиот“ Гатузо нема да види колку минути продолжи судијата…(Видео)

rino-vika1

Милан успеа да направи преврт во самиот финиш и да оствари исклучително драгоцена победа во дуелот со Киево, а бидејќи тимот од „Сан Сиро“ многу потешко од очекувањата дојде во посакувана положба во самата завршница од мечот, доста тензично беше и на клупата за резерви.

Вознемирениот Гатузо внимаваше на секој детаљ на мечот и во таква ситуација успеа да пропушти да види за колку минути го продолжи мечот главниот судија, но главната збрка настана откако тоа не го видел ниту неговиот помошник или било кој од клупата на Милан. Ова значително го налути Рино и почна да вика и по четвртиот судија за да го праша уште колку минути преостануваат од мечот, а неговите бесни реакции и гестикулации се најдобар израз за темепраментот кој го поседува, но и за емоциите кои ги покажува на секој меч.

Facebook Коментари