Поврзете се со нас

Македонија

Рингов се расплака за Вардар: Страшна работа, како некој намерно да сака да го снема (ВИДЕО)

Објавено

на

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар минува низ тешки времиња, клубот испадна од елитното друштво и наредната сезона треба да игра во втора лига, но големо прашање е и што таму може да направи со оглед на сите проблеми со кои „црвено-црните“ во моментов се соочуваат, проблеми кои понатаму не се решаваат.

Ова секако тешко им паѓа на сите навивачи на Вардар, но и на многу поранешни легенди како што дефинитивно е Васил Рингов. Рингов беше гостин во Студио 10 на ТВ24 и едноставно не можеше да ги сочува солзите.

Тој смета дека како некој намерно да работи за да клубот го снема, па побара помош од државата за да се решат проблемите.

Васе во неколку наврати во минатиов веќ беше дел од Вардар и неговото име со големи букви е запишано во историјата на македонската гордост.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни