Поврзете се со нас

Италија

Римското дерби донесе многу тензија, но ниту еден гол

Објавено

на

Foto:twitter.com/OfficialASRoma

После десет натпревари на кои традиционално гледавме голови, најновото издание на Дерби дела Капитале ги остави фудбалските фанови покуси за вистински возбудувања, па на крајот двајцата тренери се задоволи со почетниот резултат.

Маурицио Сари и Жозе Мурињо си разменија неколку провокации во најавата за дербито, но по крајот на истиот срдечно се поздравија и сепак изреагираа навистина џентлменски.

Денешното дерби беше доста разочарувачко од фудбалска гледна точка и премногу фокус се стави на тактиката, која направи да не видиме ниту еден гол на „Олимпико“.

За првпат после пет ипол години, натпревар меѓу Лацио и Рома заврши без постигнат гол, но сепак тензијата донесе груба игра на моменти и доста работа за главниот судија.

Маса подели вкупно осум жолти картони, по четири за двата тима, но сепак немаше исклучувања и покрај завршната тензија меѓу Имобиле и Паредес.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни