Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Рико се врати на „Паркот на принцовите“ и доби овации од фановите на ПСЖ (Видео)

Објавено

на

Серхио Рико излезе како победник во ситуацијата кога неговиот живот беше доведен во ризик по несреќа доживеана во родната Шпанија, а голманот на ПСЖ вечерва имаше емотивен камбек пред фановите на својот клуб.

Рико доживеа несреќа јавајќи коњ минатото лето, по што беше итно хоспитализиран и долго беше во критична ситуација, но на крајот лекарите успеаја да му помогнат да ја комплетира оваа епизода без сериозни последици.

Шпанскиот голман вечерва се врати на „Паркот на принцовите“ и беше најавен пред фановите на ПСЖ, по што очекувано доби овации од присутните на стадионот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни