Рикиардо збесна по грешката на Ред Бул поради која остана без добар пласман во квалификациите (Видео)

rikiardo

Утрово на програмата беа квалификациите за Големата Награда на Јапонија, а пол позицијата уште еднаш ја освои Луис Хамилтон кој полека но сигурно чекори кон нова титула во најбрзиот циркус на светот.

За разлика од Хамилтон, големи проблеми на квалификациите имаше Даниел Рикиардо кој не успеа да избори место меѓу првите десет на стартот.

Болидот на „Ред Бул“ имаше доста проблеми поради тоа што беа правени неколку промени, а на крајот Рикиардо го почувствува тоа на свој грб и не ни излезе на патеката во вториот дел од квалификациите.

Поради тоа, австралискиот пилот во бесно извикуваше кога поминуваше покрај боксот на својот тим.

Facebook Коментари