Поврзете се со нас

Формула 1

Рикиардо се појави на пресот во Италија со тетоважа од тимскиот колега на својот врат (Видео)

Објавено

на

Даниел Рикиардо имаа разочарувачка сезона во Формула 1 и пред извесно време беше објавено дека нема да продолжи во Мекларен, по што се поставував прашањето дали Австралиецот веќе има иднина во „најбрзиот циркус“.

До овој мокмент, се појавуваат шпекулации за негова инволвираност само како тест возач и нема премногу позитивни новости за нов предизвик како главен пилот, но тоа не прави Рикиардо да не биде одговорен за шеги при пристигнувањето во Италија.

Овој викенд се вози трката за Големата награда во Италија на легендарната Монца, а најавите за истата почнаа со стандардните прес-конференции на возачите.

Рикиардо го привлече вниманието на новинарите и фоторепортерите со смешната тетоважа со која се појави на пресот, бидејќи на неговиот врат беше истетовиран тимскиот колега Ландо Норис.

– Ова е навистина смешно, го имам Ландо на мојот врат. Како и да е, ова е работа која ни донесе раздвиженост во тимот. И Норис има неколку вакви привремени тетоважи на себе, ќе видите подоцна, – изјавил Рикиардо со насмевка на лицето.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни