Рикиардо ја посочи главната разлика меѓу Хамилтон и Фетел, но откри и што бара од Ред Бул за следната сезона!

Photographer Credit:
Getty Images / Red Bull Content PoolPhotographer Credit: Getty Images / Red Bull Content Pool

Крајот на сезоната во Формула 1 остави простор за сумирање на искуствата, како и за носење заклучови за одредени прашања кои оставија печат на 2017 година.

Луис Хамилтон ја освои титулата на три трки пред крајот, финиширајќи во секоја трка, додека Фетел кој имаше три победи во првите пет трки, на крајот беше втор со две незавршени трки. На трката во Азербејџан Фетел триумфираше, но поради казната за ударот во Хамилтон, ја загуби победата. Во Сингапур, Фетел се судри со Ферстапен и Раиконен, возејќи агресивно на стартот од трката за да ја одбрани позицијата.

– Луис имаше одличен болид, но мислам дека и Ферари беше одличен, само што Луис успеа да вози со ладна глава и имаше подобра конзистентност и прибраност. Тоа треба да се почитува,- посочил Даниел Рикиардо од Ред Бул на промотивен настан во Баку, најавувајќи ја трката што треба да се вози таму во 2018 година.

Говорејќи за шансите на Ред Бул, Рикиардо се осврнал на шансите да имаат подобар резултат идната сезона.

– Мерцедес е навистина силен последниве четири години. Мислевме дека оваа сезона ќе имаме шанса да ги предизвикаме, но успеавме во тоа само на некои трки, а тоа не е доволно да се бориш за титулата. На крајот, јас и Макс бевме петти и шести во првенството, а тоа не е блиску до она што го сакавме. Потребно е идната година да имаме силен старт на сезоната, мислам дека таму го загубивме моментумот за оваа година. Направивме голем напредок во текот на сезоната, што е добро, па сега треба да продолжиме така,- додал Рикиардо јасно укажувајќи дека тимот мора да биде конкурентен од првиот ден.

Поентата на Рикиардо е сосема на место, имајќи предвид дека Мекларен од 2018 година исто така ќе го користи моторот на Рено, па ќе се обиде да му парира на Ред Бул кој го има истиот агрегат.

Facebook Коментари