Светски првенства
Рикелме за големата грешка на Ван Гал: Никогаш не го лутете Меси…

Лионел Меси имаше фантастично Светско првенство на кое како лидер ја предводеше својата Аргентина до прв пехар на шампионатите по пауза од скоро четири децении.
Ветеранот даде се од себе да го оствари својот и сонот на многу Аргентинци, а на патот до пехарот имаше неколку предизвици од кои можеби најтежок, најтензичен беше оној против Холанѓаните.
Тоа беше средба со многу набој, средба на која „гаучосите“ испушија предност од 2-0 за кратко време, средба во која главен на теренот беше судијата Метео Лахоз кој изгуби контрола и дополнителнително ја влоши ситуацијата.
На крајот јужноамериканците славеа на пенали, па Меси имаше што да му порача на тогашниот предводник на „лалињата“, Луи Ван Гал кој имаше некои лошо избрани зборови, коментари пред самиот меч со што го налути капитенот на Аргентина.
-Мислам дека Ван Гал го спомна Меси пред натпреварот. Постојат работи што не треба да ги правите во фудбалот. Не можете да го налутите. Подобро е да го прегрнете, да го бакнете, за да не сака да ве победи.
-Кога најдобриот играч ќе се налути, немате шанса да го победите. Невозможно е. Затоа коментарите на Ван Гал беа добри за Аргентина. Покрај тоа, Меси има предност затоа што кога ќе се налути, тој не прави црвени картони како другите играчи, -порача Хуан Роман Рикелме за „Тик Спортс“.
-
Германијапред 24 часа
Салихамиџиќ распали по ѕвездите на Баерн, Нагелсман порача: Ако не победиме на дербито, ќе останеме без титула
-
Шпанијапред 19 часа
Изненадувањето во стартната постава на Чави: Го чекаме Меси во Барса, не го заслужува третманот кој го добива во Париз
-
Италијапред 20 часа
Страмачони го нападна Инѕаги: Нема потреба од барање алиби
-
АТПпред 23 часа
Медведев со урнебесен говор ги изнасмеа сите присутни по поразот во финалето (Видео)
-
Формула 1пред 22 часа
Драматично во Ред Бул: Тензичната конверзација меѓу Ферстапен и Перез по крајот на трката (Видео)
-
Англијапред 13 часа
Англија остана без најдобриот играч за дуелите со Италија и Украина
-
Светпред 14 часа
Направи големо изненадување, па доби „шут карта“: Клосе заработи отказ во првиот тренерски предизвик
-
НБАпред 16 часа
Портер Џуниор заби преку Јокиќ, па откри што му порача на соиграчот (ВИДЕО)