Свет
Рикелме со посебни пофалби за еден првотимец на Барса: Тој го збуни и промени светскиот фудбал!

Хуан Роман Рикелме на почетокот на новиот век важеше за еден од најтехнички поткованите играчи во светот и поради тоа настапуваше за Барселона, но како аргентинска легенда која се уште при срце го има каталонскиот великан, вели дека важна улога за промената во модерниот фудбал има Серхио Бускетс.
Рикелме не штедеше комплименти за капитенот на Барселона и искажа многу позитивни коментари за фудбалерот кој во принцип е деструктивец, но кој со своите технички квалитети направи да се има друго мислење за позицијата „5“ која во минатото беше симбол за дефанзивен фудбалер.
– Бускетс го промени светскиот фудбал. Тој е единствениот играч кој игра на позицијата „5“, а всушност има квалитет како „10-ка“ на теренот. Тој го збуни светскиот фудбал.
– Откако се појави тој, почнавме да гледаме на оваа позиција на друг начин. Сега „петката“ мора добро да додава, заборавивме дека во минатото тимот играше добро поради „10-та“.
– Заборавивме на тоа дека „петката“ треба да се тепа на средината, да покрива за бековите и слични работи. Бускетс е еден и единствен, – вели Рикелме за „ЕСПН“.
-
Англијапред 16 часа
Мерсон за повлечениот потег на Арсенал: Тој не може да биде стартер ниту во Фулам
-
Светпред 9 часа
Халанд не се однесува како голема ѕвезда и ги воодушеви присутните на плажа во Марбелја (Видео)
-
Светпред 17 часа
Ди Марија се плаши за местото во репрезентацијата: Само еден е сигурен!
-
Англијапред 8 часа
Фоден избркан од луксузна плажа на Крф поради бесна караница со својата девојка (Видео)
-
Италијапред 9 часа
Малдини со рецептот „Тео Ернандес“ привлекува играч на Реал кој е во последната година од договорот (Фото)
-
АТПпред 16 часа
Циципас триумфираше во Мајорка, Надал му испрати порака: Победи го Ѓоковиќ на Вимблдон (ВИДЕО)
-
Светпред 18 часа
Бејл ги потврди гласините и позираше со новите клупски обележја: Се гледаме наскоро (Видео)
-
Германијапред 16 часа
Барселона се впушта во завршна офанзива за Левандовски