Поврзете се со нас

Свет

Рикелме предвиде каква иднина го чека Меси: Знам каде ќе се пензионира по периодот во ПСЖ

Објавено

на

Хуан Роман Рикелме ужива огромна почит во родната Аргентина и општо во светската спортска јавност, не само поради тоа што е потпретседател на Бока Јуниорс, туку и поради наследството кое го остави во фудбалот како активен фудбалер.

Рикелме имаше одлична фудбалска кариера и извонредно се претстави на сцената во Аргентина и Шпанија, а во период кога оваа втората земја доби сериозен удар на фудбалски план со заминувањето на Лионел Меси од Барселона, со интересен став се јави Хуан Роман.

Легендарниот играч за врска смета дека постои само едно сценарио кога е во прашање неговиот сонародник, чија цел според него е да ја освои Лигата на шампионите со ПСЖ, а потоа да се врати на „Камп Ноу“ и да се пензионира во Барселона.

– Се надевам дека Меси ќе продолжи да ужива во Париз, нависитна го посакувам тоа. Не знам дали на другите им изгледа чудно, но тука во Аргентина, сите сме обземени од еуфорија и сакаме да гледаме како ужива заедно со Мбапе и Нејмар.

– Ако не ја освојат Лигата на шампионите сега, нема да ја освојат никогаш. Искрено, јас мислам дека Лео ќе ја освои титулата во Лигата на шампионите, а потоа ќе се врати и ќе се пензионира во Барселона, тоа е моето предвидување, – вели Рикелме во интервјуто за „ЕСПН“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни