Поврзете се со нас

Свет

Рикелме: Кавани наредната година ќе игра за Бока, ние му нудиме нешто што го нема никаде на светот!

Објавено

на

Единсон Кавани стави потпис на нов едногодишен договор со Манчестер Јунајтед и реши дека се уште не е време да си замине од фудбалска Европа, иако имаше силни шпекулации дека тој конечно ќе си ја исполни желбата која ја има од своето детство.

Искусниот Уругваец втора година по ред се поврзуваше со Бока Јуниорс и оствари контакти со одговорните лица на клубот, но иако операцијата одново не се реализираше, легендата на аргентинскиот великан е убедена дека Кавани наредната година ќе биде дел од семејството на Бока.

Хуан Роман Рикелме верува дека Кавани ќе си остане на зборот и ќе стигне во Бока Јуниорс, а според него подобро сценарио ќе биде тоа бидејќи до тогаш фановите сигурно ќе се вратат на трибините.

– Мислам дека следната година Кавани ќе биде со нас. Пред една седмица соопшти дека останува во Јунајтед и сите го слушнавме тоа.

– Сепак, тој ни кажа нас дека има огромна желба да дојде и вратите за него се отворени. Единствено поразлично што му нудиме на Кавани е тоа што нашиот терен се движи со фановите на трибините, сите знаеме дека „Бомбонера“ се движи. Во овој момент немаме публика и не можеме да му го понудиме тоа, но набрзо ќе бидеме во можност за такво нешто, – изјави Рикелме.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни