Рикелме: Аргентина може да стане светски шампион само под еден услов

rikelme mesi

Во 2018 година најголемиот фудбалски настан е Светското првенство во Русија на кое титулата ќе ја брани селекцијата на Германија.

Има неколку селекции кои се споменуваат како главни против кандидати, екипи кои би можеле да ги симнат „панцирите“ од врвот, а една од нив е Аргентина. „Гаучосите“ немаа добри квалификации и дури во последното коло со хет-трикот на Лионел Меси против Еквадор обезбедија виза за мундијалот.

Сепак Аргентина е светски вицешампион,  па поради тоа и поради квалитетот со кој располага со право е ставена меѓу фаворитите за највисок пласман. Според Хуан Роман Рикелме неговата земја може да биде конкурентна и да оствари посакуван резултат само под еден услов-ако Лионел Меси биде во топ форма.

-Ако Меси е како што треба, Аргентина ќе нема проблеми.Во спротивно ќе биде многу комплицирано, -рече Рикелме.

Некогашниот ас на Барселона, Вилјареал и Бока Јуниорс воедно смета дека ривалството меѓу Меси и Кристијано Роналдо двајцата ги направиле подобри фудбалери.

-Борбата меѓу нив двајца, желбата да бидат најдобри ги направија да бидат најдобри низ сите овие години. Сепак јас немам сомнеж, Меси е најдобриот играч на светот, -завршил Хуан.

Facebook Коментари