Рикардо остана без поените од Ф1 трката во Франција

ricciardo

Даниел Рикардо ја заврши Ф1 трката за ГН на Франција на седмото место, но сепак ќе остане без бодовите кои требаше да ги освои со возењето на патеката „Пол Рикар“.

Австралиецот е казнет поради начинот на кој ги престигнал Ландо Норис и Кими Раиконен во последниот круг, односно поради фактот што двапати ја напуштил патеката, по што стјуардите по трката му доделија две казни од по пет секунди.

Со тоа време, возачот на Рено на крајот го освои 11. место и остана вон зоната за освојување на бодовите.

– Ризикувам да избувнам, па затоа ќе се воздржам. Се надевам дека сите се среќни, – иронично изјавил Рикардо по добивањето на информацијата за казната.

Со ваквиот епилог, седмото место му припадна на Раиконен, а до десеттото место се пласираа Хулкенберг, Лорис и Гасли.

Facebook Коментари