Рикардињо се повреди во продолжението, Португалија ја освои првата европска титула (Видео)

ricardinjo3

Португалската футсал репрезентација е нов европски шампион, откако вечерва во финалето на Европското првенство во Словенија, по продолженија ја победи Шпанија со 3:2.

Големото соседско дерби донесе голема драма, Португалците поведоа уште на стартот преку Рикардињо, но следуваше целосен пресврт. Толра во 19 и Лин во 32. минута ја доведоа Шпанија во водство од 2:1, а така беше се до 39. минута кога Бруно Коелјо израмни на 2:2 и го одведе натпреварот во продолжение.

Португалците доживеаја голем пех откако во дополнителните десет минути потешка повреда заработи нивниот најдобар играч Рикардињо, кој не можеше да им помогне на своите колеги во најважните моменти. Но, иако Шпанците имаа иницијатива, направија еден непотребен прекршок, а казнениот удар Португалија преку Бруно Коелјо го претвори во конечни 3:2 и го најави големото славје во Љубљана каде Португалците го прославуваат првиот триумф на европските првенства.

Facebook Коментари