Поврзете се со нас

Конференциска лига

Рига повторно подобра од нашиот шампион, Шкендија го заврши настапот во Европа (ВИДЕО)

Објавено

на

Актуелниот македонски шампион Шкендија го заврши настапот во фудбалска Европа за оваа натпреварувачка кампања.

Клубот од Тетово претрпе уште еден пораз од Рига (1-0) во Конференциската лига на УЕФА и со тоа на неславен начин без ниту еден гол го заокружи овој двомеч со летонскиот претставник (2-0).

Пресудниот момент на дуелот на националната арена „Тодор Проески“ се случи во второто полувреме, поточно 52 минута кога Соисало ја затресе мрежата на Захов.

Инаку Шкендија во изминатиот период одигра четири средби во Европа, прво со сеоочи со Мура во квалификациите за ЛШ и претрпе катастрофа (6-0) за да потоа дојдат пресметките со Рига кои дефинитивно потврдија оти нешто не функционира кај „црвено-црните“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни