Поврзете се со нас

Англија

Ридигер за заминувањето од Челси: Фрустриран сум, сакав да имам поинаков крај

Објавено

на

Антонио Ридигер и дефинитивно ќе си замине од редовите на Челси по крајот на оваа сезона и кариерата веројатно ќе ја продолжи во тимот на Реал Мадрид.

Одличниот дефанзивец помина пет години на „Стемфорд Бриџ“, период во кој како што самиот вели имал успеси и падови, но целокупно гледано тоа бил крајно успешен дел од неговата кариера.

Ридигер не успеа со трофеј да се прости од Челси откако во финалето од ФА Купот загуби од Ливерпул по пенал рулетот.

Германецот истакна дека е фрустриран што на ваков начин си заминува од Челси,во моменти кога клубот се соочува со неизвесна иднина.

– Поминаа пет години и нормално е што имав и подеми и падови во тој период, но можам да извлечам многу позитивни работи од тоа. Токму затоа сум и фрустриран затоа што сакав да имам поинаков крај на мојата авантура во Челси.

– На крајот на денот, не станува збор само за едната страна. Челси беше одличен за мене, јас бев одличен за Челси.

– Како што секогаш велев, многу сум благодарен, јас и мојата фамилија сме благодарни на Челси. Станав човек овде, моите деца се родени овде. Лондон, а посебно Челси секогаш ќе бидат специјални за мене, -изјави Ридигер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни